Шпанија покажа моќ, ја торпедираше Унгарија и ја одбра Норвешка

Репрезентацијата на Шпанија ја потврди доминацијата во својата група и со убедлив триумф против Унгарија од 36:28 ја потврди првата позиција и пласманот во четврт-финалето.

Селекторот на Унгарија одлучи да настапи без најдобрите играчи и да ги сочува за нокаут фазата, а тоа значеше сигурен пораз против Шпанците. Шпанија имаше целосна контрола на натпреварот од почеток од крај. Отворија со 4:1, а веќе во 9. минута беше 7:2.

Следуваше добар период на Унгарија во кој со серија од пет гола успеаја да израмнат. Сепак, во продолжение на првиот дел Шпанците продолжија со својата доминација, играа брзо и ефикасно и на полувреме обезбедија седум предност, 21:14.

Второто полувреме продолжи во ист ритам. Разликата во корист на Шпанија постојано се зголемуваше и многу брзо достигна двоцифрена разлика кога беше 28:16. До крајот на натпреварот дојде до опуштање кај репрезентативците на Шпанија што Унграците го искористија да го ублажат поразот.

Уште пред овој натпревар двете репрезетнации имаа обезбедено пласман во четврт-финалето. Воедно ги знаеја и противниците односно можните ривали, па на тој начин можеа да тактизираат. Со оглед на тоа што ова беше дуел кој требаше да одлучува за првата позиција, јасно беше кој за што се одлучи.

Во четврт-финалето в среда Шпанија ќе се соочи со селекцијата на Норвешка, додека составот на Унгарија за ривал ќе ја има Франција.

36 - 28
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ШПАНИЈА2136Победа
УНГАРИЈА1428Пораз

ШПАНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Гонзало Перез де Варгасголман00
5Хорхе Македадесен бек24
6Ангел Фернандез Перезлево крило03
9Раул Ентрериосцентрален бек02
10Алекс Душебаевдесен бек00
11Даниел Сармиентоцентрален бек01
12Родриго Коралесголман00
14Феран Соледесно крило08
17Адријан Фигуераспивот01
21Жоан Канељаслев бек12
24Виран Морослев бек10
28Алеиш Гомез Абељодесно крило07
29Арињо Бенгоечеалево крило02
30Гедеон Гвардиолапивот02
52Рубен Марчан Кријадопивот03
59Даниел Душебаевцентрален бек11
 Вкупно 536

УНГАРИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Адријан Сипоспивот00
3Петар Топиќпивот11
7Бендегуз Бокалево крило00
9Жолт Балогдесен бек05
12Мартон Секељголман00
15Матијас Ѓерицентрален бек15
17Бенце Наѓлев бек12
20Миклош Ростапивот02
22Стефан Сунајколево крило04
23Доминик Матедесен бек11
24Адам Борбелиголман00
30Золтан Шиталев бек02
33Габор Анчиндесен бек04
39Рихард Бодолев бек00
47Петер Хорњакдесно крило01
77Егон Ханушцентрален бек01
 Вкупно 428

Officials

Судии:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ШПАНИЈА54109
2УНГАРИЈА54018
3ГЕРМАНИЈА52125
4ПОЛСКА52125
5БРАЗИЛ51133
6УРУГВАЈ50050