ШОК за домаќинот на ЕП – Исланд ги замолкна Унгарците и 20.000 навивачи!

Репрезентацијата на Унгарија доживеа нов шок пред своите навивачи во Будимпешта откако во неизвесен натпревар загуби од Исланд со 31:30. Поразот од Исланд значи крај на Унгарија на Европското првенство.

Првото полувреме меѓу двете репрезентации мина во голема борба со доста изедначувања, надигрувања, промена на резултатот и убави акции од двете страни. Исланд во поголемиот дел од првите 30. минути имаше поголема контрола на теренот.

Гол за гол се играше во текот на првото полувреме, иако Исланд во еден период за прв пат се одлепи на два гола разлика. Избраниците на Гудмундур Гудмундсон кон крајот на првата половина од првиот дел ги имаа највисоките плус два, 11:9, а минута подоцна и 12:10.

Во 20. минута шанса меѓу стативите кај Унгарците доби голманот на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ. Исланд предводен од Кристијансон, Магнусон и Гудјонсон секогаш наоѓаше простор во унгарската одбрана и одржуваше минимално водство, додека репрезентацијата на Унгарија резултатски се одржуваше во игра преку Банхиди.

Првото полувреме заврши нерешено, 17:17, а вкупниот број на постигнати голови, 34, доволно говори дека првиот дел мина без јака одбрана на двете страни.

Како и првото, така и второто полувреме започна доста изедначено. Унгарија во 35. минута го презеде водство за 20:19 благодарение на голманот, Секељ. Сепак, ракометарите на Исланд ги искористија пропуштените шанси на Унгарија и повторно дојдоа до плус два позитива, 23:21.

Исланѓаните по десетина минути игра во вториот дел имаа активен резултат од 24:22 и 25:23. Следуваа три погодоци во низа на Унгарија преку Мате, Сита и Банхиди за пресврт и минимално водство од 26:25. Исланд израмни на 26:26 и имаше шанса преку пенал да дојде повторно до водство, но Миклер тоа не го дозволи.

Под притисок, грешките во редовите на Унгарија се зголемуваа во завршниот дел. На осум минути пред крајот, Золтан Сита доби црвен картон поради три исклучувања. Водството на Исланд во 56. минута беше 31:29.

Унгарците не се предаваа, дојдоа до минус еден, 30:31 и имаа шанса да израмнат од пенал. Голманот на Исланд, Густавсон беше концентриран и го одбрани ударот на Мате. Домаќините во два наврати не можеа никако да го совладат Густавсон, кој со своите 11 одбрани се покажа како клучен во денешниот триумф над Унгарците.

31 - 30
Конечен резултат

Место

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА АРЕНА БУДИМПЕШТА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ИСЛАНД1731Победа
УНГАРИЈА1730Пораз

ИСЛАНД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бјоргвин Густавсонголман00
3Јанус Смарасонцентрален бек00
4Арон Палмарсонцентрален бек02
7Виго Кристјансондесен бек00
8Бјарки Мар Елисонлево крило09
9Елвар Јонсонцентрален бек11
10Гисли Кристјансонцентрален бек04
11Имир Гисласонпивот31
13Олафур Гудмундсонлев бек00
14Омар Магнусондесен бек18
16Виктор Халгримсонголман00
18Елиди Видарсонпивот01
21Арнар Арнарсонпивот10
22Сигвалди Бјорн Гудјонсондесно крило05
24Теитур Орн Ејнарсондесен бек00
28Ори Фреј Торкелсонлево крило00
 Вкупно 631

УНГАРИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Адријан Сипоспивот30
3Петар Топиќпивот02
7Бендегуз Бокалево крило02
11Патрик Лигетварилев бек10
12Мартон Секељголман00
16Роланд Миклерголман00
20Миклош Ростапивот00
23Доминик Матедесен бек04
25Родригез Алварездесно крило04
27Бенце Банхидипивот06
29Бендегуз Бујдосодесно крило00
30Золтан Шиталев бек25
33Габор Анчиндесен бек01
39Рихард Бодолев бек03
66Мате Лекаицентрален бек03
77Егон Ханушцентрален бек00
 Вкупно 630

ЕП 2022, ГРУПА Б – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ИСЛАНД33006
2ХОЛАНДИЈА32014
3УНГАРИЈА31022
4ПОРТУГАЛИЈА30030