Шведска ја растури Русија за четвртфинале

Шведска и Русија во меѓусебен дуел одлучуваа која репрезентација ќе оди во четвртфиналето. Швеѓаните одиграа фантастично и неочекувано ја декласираа Русија нанаесувајќи и тежок поразо со 34:20.

Уште од самиот старт Шведска беше на високо ниво, поведоа со 3:0, а многу брзо потоа беше и 8:2. Русите немаа решение во нападите, а дополнителни проблеми им создаваше расположениот Паличка кој бранеше се.

Доминацијата на скандинавската репрезентација продолжи до крајот на првото полувреме кога веќе обезбедија висока предност и само чудо можеше да ги спаси Русите од пораз. По 30 минути игра беше девет предност за Шведска, 17:8.

Ништо не се промени ниту во продолжението од натпрeварот. Швеѓаните играа максимално прецизно, секоја грешка на Русите беше казнета. Што и да се обидеше да смени селекторот на Русија, Велимир Петковиќ не даваше рeзултат.

До крајот на дуелот Швеѓаните само ја зголемуваа предноста и триумфираа со огромни 14 разлика. Оваа победа за нив значеше пласман во нокаут фазата, додека Русите го завршија настапот на првенството.

20 - 34
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РУСИЈА820Пораз
ШВЕДСКА1734Победа

РУСИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Дмитри Киселевдесен бек02
16Дмитри Павленкоголман00
17Александар Котовдесен бек05
23Роман Осташенколево крило01
24Дмитри Корневдесно крило01
27Денис Василевпивот03
28Сергеј Кудиновлев бек10
30Александар Ермаковпивот31
33Данил Шишкаревдесно крило01
44Игор Сорокалево крило02
55Азат Валиулинлев бек00
76Станислав Тритенкоголман00
78Павел Андреевпивот03
87Виктор Киреевголман00
89Дмитри Житниковцентрален бек11
99Сергеј Марк Косоротовлев бек00
 Вкупно 520

ШВЕДСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Јонатан Карлсбогардлев бек03
5Макс Дарјпивот11
8Алфред Јонсонлев бек02
11Даниел Петерсондесно крило02
12Андреас Паличкаголман00
15Хампус Ванелево крило06
16Микаел Агефорсголман00
19Феликс Кларцентрален бек12
22Лукас Пеласлево крило08
23Албин Лагергрендесен бек03
24Џим Готфридсонцентрален бек03
28Јонатан Едвардсонцентрален бек00
32Оскар Бергендалпивот00
33Лукас Санделдесен бек22
62Валтер Хринцдесно крило01
66Антон Линдскогпивот11
 Вкупно 534
ПозЕкипаБ.НПРЛ
1ШВЕДСКА85320
2ЕГИПЕТ75311
3СЛОВЕНИЈА65221
4РУСИЈА55212
5БЕЛОРУСИЈА45122
6МАКЕДОНИЈА05005