Хрватска го наполни голот на Парагвај, Аргентина ја изненади Австрија

Селекцијата на Хрватска ја забележа првата победа на Светското првенство во Шпанија, откако славеше над Парагвај со убедливи 38-16

По поразот од Бразил, избраничките на Ненад Шоштариќ, успеаја да потсетат на добрите игри од претходното ЕП и ја наполнија до врв мрежата на јужноамериканската селекција.

Најдобри стрелци кај Хрватска беа Ана Турк и Валентина Блажевиќ со по шест погодоци.

Аргентина приреди мало изненадување и триумфираше над десеткуваната Австрија со 31-29. Австријките имаат уште проблеми со позитивни ракометарки, па и на овој меч имаа само 12 во ростерот.

Јужна Кореја го совлада Тунис со 31-29, иако на полувреме беше егал, додека Германија ја забележа втората победа, откако беше убедлива против Словачка и славеше со 36-22.