Тулуз извлече реми кај Адемар, Чеховски Медведи победиja во Австрија

Во рамки на 2. коло во Лигата на Европа се одиграа само четири натпревари од вкупно дванаесет. Два дуели беа од групата на Металург, Адемар – Тулуз и Фиверс – Чеховски Медведи. Од групата Б единствено играа Кристиjанштад и Динамо Букурешт, додека од групата Д играа само ГОГ и Еурофарм Пелистер.

Во првиот термин од 18:45 играа Адемар Леон и Тулуз, а натпреварот заврши без победник 26:26 откако во завршните минути гостите надоместија четири гола и стигнаа до бод. Во поголемиот дел, шпанскиот претставник имаше предност, а по првото полувреме предноста беше минимална, 16:15. Во вториот дел на неколку наврати имаа четири позитива, но ракометарите на Адемар пропуштија шанса за победа.

Рускиот претставник Чеховски медведи имаше успешно гостување кај Фиверс и славеше победа со 32:30. Првиот дел беше максимално израмнет со менување на водството, по 30 минути игра гостите имаа гол предност, 15:16. Во продолжението Чеховски Медведи го контролираше резултатот и обезбеди први бодови во првиот натпревар во Лигата на Европа.

Кристијанштад со убедливо издание на домашен терен без многу проблеми оствари победа против Динамо Букурешт, 31:29. Уште на почетокот домаќините направија четири позитива која успешно ја одржаа и на полувреме кога беше 16:12. Во вториот дел Кристијанштад имаше уште поубедливо издание и оствари прва победа после поразот во 1. коло од Фуксе Берлин.

ЛИГА НА ЕВРОПА

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ГРУПА А

АДЕМАР – ТУЛУЗ             26:26

АОН ФИВЕРС – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ    30:32

МЕТАЛУРГ – ВИСЛА ПЛОЦК       одложено

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МОНПЕЛЈЕ54018
2КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН54018
3ГЕПИНГЕН53026
4БЕНФИКА52034
5ФЕЈЕР52034
6ТАТРАН50050

ГРУПА Б

КРИСТИЈАНШТАД – ДИНАМО БУКУРЕШТ           31:22

НИМ – ФУКСЕ БЕРЛИН одложено

СПОРТИНГ – ТАТРАН ПРЕШОВ одложено

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФЛЕНСБУРГ54018
2ПАУК53026
3ИСТАД53026
4ВАЛУР52125
5ФТЦ51133
6БЕНИДОРМ51042

ГРУПА Ц

МАГДЕБУРГ – МОНПЕЛЈЕ            одложено

ЦСКА МОСКВА – АЛИНГСАС      одложено

НЕКСЕ – БЕШИКТАШ      одложено

ПозЕкипаНПРЛБ.
1НЕКСЕ550010
2ГРАНОЛЕРС53026
3СКЕРН53026
4СПОРТИНГ53026
5БАЛАТОНФУРЕДИ50141
6АЛПЛА50141

ГРУПА Д

ГОГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР      30:29

ТАТАБАЊА – РАЈН НЕКАР            одложено

ТРИМО ТРЕБЊЕ – КАДЕТЕН        одложено

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН550010
2АРХУС54018
3БИДАСОА ИРУН53026
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР52034
5МОТОР50141
6АГУА САНТАС50141