Српскиот репрезентативен голман Владимир Цупара го продолжи договорот со унгарскиот гигант Веспрем на една сезона, со можност да биде продолжен за уште една ако двете страни се задоволни од соработката.
По тренерот Улрик Киркели, унгарскиот Ѓер се пофали и со првото засилување за наредната сезона. Станува збор за бразилскиот среден бек Бруна Де Паула, која доаѓа од францускиот Мец и потпиша договор до 2025 година.
Романскиот ЧСМ Букурешт објави дека е потпишан договор со норвешката репрезентативка Вилде Ингстад, која по седум сезони заминува од данскиот Есбјерг. Таа потпиша со ЧСМ Букурешт до 2025 година, а договорот со романскиот тим го продолжи и голманката Мари Давидсен за две сезони.
Словачкиот Татран Прешов објави дека ги пополнил своите редови со полскиот среден бек Лукаш Гоголеј, кој доаѓа од францускиот тим Селеста. 25-годишниот Полјак се обврза да остан во Татран до крајот на сезоната.
Кружниот напаѓач Паулета Попа, која имаше одлични настапи за Франција на последното ЕП во Македонија, потпиша нов договор со Брест Бретањ и ќе остане во овој клуб најмалку до 2027 година.