Белорускиот Мешков Брест има тројца нови ракометари за следната сезона. Станува збор за двајца шпански интернационалци – средниот бек Аугустин Касадо и десното крило Гонсало Перес Арсе, кои доаѓаат од Ла Риоха и Адемар Леон. Во Мешков доаѓа и лeвото крило од Нексе Нашице, Марин Јелиниќ.
Левиот бек Арон Менсинг ја продолжи соработката со бундеслигашот Фленсбург за уште една сезона и ќе биде дел од тимот до 2023/24. Данскиот интернационалец дојде лани од Холстебро.
Словачкиот првак Татран Прешов ги обнови договорите со бразилските интернационалци. Голманот Маркос Колодети и средниот бек Педро Пачеко ќе останат во Прешов до 2023 година.
Шпанскиот пивот Ињаки Песина ќе ги брани боите на францускиот Шамбери во следните три сезони, односно до 2025 година. Тој доаѓа во Шамбери од Екс ан Прованс, а во спротивна насока ќе замине литванскиот бек Гердас Бабарскас.
Романската репрезентативна голманка Елена Шербан го продолжи договорот со Дунареа. Шербан ќе остане во тимот од Браила и во следните две сезони, односно до 2024 година.
Десното крило Ларс Вајсгербер ќе остане во бундеслигашот Вецлар и во наредните две години. Вајсбергер досега има одиграно 108 натпревари и постигна 124 гола во Бундес лигата.
Словачкото десно крило Томаш Урбан и германскиот десен бек Макс Штар ги продолжија договорите со Минден. Новите соработки ќе бидат активни до 2024, односно 2025 година.