Толку близу, а толку далеку: Лоши 15 минути ја оставија Македонија без победа против Чешка

Македонија загуби од Чешка со 25:27 во меч во кој имаше одново лошо второ полувреме, па дури во вторник ќе се бори за втор круг, а нема да биде воопшто лесно бидејќи ќе мора да се обезбеди победа против Австрија. Денеска после одличното прво полувреме во второто беше многу лошо и тоа придонесе за пораз од Чесите.

Првите 30 минути беа одиграни многу умно бидејќи не се форсираше во нападот шут по секоја цена. Имаше грешки во реализацијата, но се одеше многу паметно. На сметка на тоа не се дозволуваше Чесите да контрираат, па главно на позицион напад не се снаоѓаа со одбраната на Македонија.

Таквата игра овозможи Македонија постојано да биде во предност. Имаше постојано гол до два позитива, а иако Чесите се враќаа, сепак, контролата беше постојана. Македонија успеа да издржи така што на крајот од првиот дел имаше и водство од 11:9.

Колку што беше добро и паметно одиграно првото полувреме, толку беа лоши првите седум минути од вториот дел. Се тргна во овој дел со преголема еуфорија, со многу кратки напади во кои се грешеше, а тоа им беше подарок на Чесите кои набрзина ги поставија работите под своја контрола.

Од 11:9 за Македонија за седум минути беше 12:15 и тука веќе беше јасно дека она што беше одиграно во првиот дел ќе мора да биде сменето ако се сака нешто повеќе на овој дуел.

За момент беше вратена неизвеснсота и со головите на Лазаров се дојде до 14:15, но потоа одново падна темпото. Немаше решение за Каспарек, кој го полнеше голот. Во нападот немаше реализација дури и некои лесни шутеви завршуваа со одбрана на Галија, па Чешка имаше плус три при што беше тешко да се одржи ритамот.

Чесите најголемата предност ја имаа на стартот на последните десет минути кога поведоа со 22:18, но тука останаа со ракометар помалку, па конечно една серија од три гола ја врати Македонија во игра. На седум минути до крај беше 21:22 така што Македонија имаше само минус еден. Конечно на пет минути до крај откако беше освоена една топка дојде и до нерешени 22:22 откако Манасков беше актер и во одбраната и во нападот.

  • mak-cze (1 of 3)
  • mak-cze (2 of 3)
  • mak-cze (3 of 3)
  • mak-cze1 (1 of 4)
  • mak-cze1 (2 of 4)
  • mak-cze1 (3 of 4)
  • mak-cze1 (4 of 4)
  • mak-cze1 (2 of 4)
  • mak-cze1 (3 of 4)
  • mak-cze1 (4 of 4)
  • mak-cze2 (1 of 11)
  • mak-cze2 (2 of 11)
  • mak-cze2 (3 of 11)
  • mak-cze2 (4 of 11)
  • mak-cze2 (5 of 11)
  • mak-cze2 (6 of 11)
  • mak-cze2 (7 of 11)
  • mak-cze2 (8 of 11)
  • mak-cze2 (9 of 11)
  • mak-cze2 (10 of 11)
  • mak-cze2 (11 of 11)
  • mak-cze3 (1 of 11)
  • mak-cze3 (2 of 11)
  • mak-cze3 (3 of 11)
  • mak-cze3 (4 of 11)
  • mak-cze3 (5 of 11)
  • mak-cze3 (6 of 11)
  • mak-cze3 (7 of 11)
  • mak-cze3 (8 of 11)
  • mak-cze3 (9 of 11)
  • mak-cze3 (10 of 11)
  • mak-cze3 (11 of 11)
  • mak-cze4 (1 of 10)
  • mak-cze4 (2 of 10)
  • mak-cze4 (3 of 10)
  • mak-cze4 (4 of 10)
  • mak-cze4 (5 of 10)
  • mak-cze4 (6 of 10)
  • mak-cze4 (7 of 10)
  • mak-cze4 (8 of 10)
  • mak-cze4 (9 of 10)
  • mak-cze4 (10 of 10)
  • mak-cze5 (1 of 3)
  • mak-cze5 (2 of 3)
  • mak-cze5 (3 of 3)

И кога се дојде до нерешено никако не можеше да се дојде до пресврт. Чешка и понатаму имаше гол предност, но при 24:25 се избрза во шутот и Маркоски биеше покрај гол, па Чешка влезе во последните 70 секунди со два гола предност. И покрај брзиот гол на Лазаров, немаше одбрана па Чешка реализираше за 25:27 и враќање во игра за вториот круг.

МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА              25:27 (11:9)

МАКЕДОНИЈА: Ристовски (2 одб., 1 сед.), Митревски (1 одб.), Манасков 5/8, Велковски, Стоилов 1/3, Лазаров 11/13, Талески 2/7, Маркоски 0/2, Кузмановски 1/3, Танкоски 1/2, Георгиевски 4/6, Крстевски, Поповски, Пешевски 0/1, Маџовски, Мишевски.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.

ЧЕШКА: Галија (14 одб.), Мрква, Хрстка 3/3, Бечвар, Јурка, Хорак 2/2, Каспарек 7/8, Бабак 5/9, Цип 3/3, Ванчо 1/1, Здрахала 5/6, Клима, Солак, Мубензем, Земан 1/1, Мојзис.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 12 мин.