Со позитива на одмор, Македонија води со два гола против Чешка

Македонија има водство од 11:9 после 30 минути против селекцијата на Чешка. После одлично одиграните 30 минути пред сè во одбрана беше добиено првото полувреме кое ќе треба само да биде повторено и во вториот дел за да се дојде до нов триумф.

Натпреварот тргна добро за Македонија. Неколку минути предноста беше за нашите ракометари, но имаа само погодок водство при што Чесите се враќаа. Потоа тие поведоа со 3:2, но брзо водството беше вратено.

Сепак, при 5:5 во 10. минута неколку шанси не беа искористени. Манасков и Кузмановски не искористија зицер, а Галија се разбрани и запре и удар од Лазаров. Меѓутоа, после пет минути без гол не можеше да ја запред и контрата која беше реализирана од Геоергиевски.

Откако Талески рано доби исклучување, неговото место во одбраната го зазема Марко Мишевски и успеа одлично да се снајде со пивотот на Чесите. Покрај тоа покриваше одлично со Маркоски и имаа доста добар процент на запрени напади.

Ова беше причина и за малкуте голови. Чесите после пет гола во првите десет минути постигнаа само еден во следните 12 така што Македонија водеше со 8:6 во 22. минута. На ова се надоврза и Ристовски, кој симна еден зицер прво на пивотот на Чешка, а потоа и пенал при 8:6.

При овој резултат одново не се искористија неколку шанси. Македонија можеше да ја зголеми предноста и тоа со играч повеќе, но не одеше кога требаше да се реализира. Немаше концентрација на ниво, па Чешка во 27. минута израмни на 8:8.

До крајот на првиот дел беше вратена предноста од два гола па на одмор се замина со 11:9.

[soliloquy id=”120962″]

После првото полувреме со четири погодоци најефикасен е Кире Лазаров, додека Манасков постигна два гола. По еднаш мрежата на Чешка ја затресоа Георгиевски, Стоилов, Кузмановски, Талески и Танкоски.