Тимур Дибиров има одлична сезона, ги предводи стрелците во ЛШ

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров сезонава игра во одлична форма и во моментов се наоѓа на лидерската позиција на Листата на стрелците.

Со 52 погодоци тој е стрелец број 1 така што во моментов е пред конкуренцијата. Зад него е Дика Мем кој прв дојде до 50 гола бидејќи Барса во средата го играше својот натпревар од 8. коло.

Сепак, Дибиров е тој кој има контрола на листата на стрелци, а во Топ 10 има неверојатни ракометари од повеќе екипи.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ – ТОП 10

52 – Тимур Дибиров (Вардар)

50 – Дика Мем (Барселона)

49 – Микел Хансен (ПСЖ)

49 – Никлас Екберг (Кил)

46 – Тобијас Грондал (Елверум)

45 – Хампус Ване (Флензбург)

43 – Жулиен Бос (Монпелје)

42 – Гашпер Маргуч (Веспрем)

42 – Алеиш Гомез (Барселона)

41 – Петар Ненадиќ (Веспрем)