Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 „режираа“ невиден трилер во Кавадарци – на крај освоија по бод

Ракометарите на Тиквеш во 2. коло не успеаја да ја оставарат првата победа во плеј-офот откако на домашен терен во салата „Јасмин“ во Кавадарци одиграа нерешено со екипата на Еурофарм Пелистер 2, 31:31.

Натпрварот започна доста израмнето, двете екипи имаа предност во почетните минути но тоа беше само минимално. Уште во 3. минута Тиквеш остана без Никола Стефановиќ во тимот кој се повреди после еден судар со противнички играч и го заврши многу рано натпреварот.

Во продолжение до крај на првиот дуел продолжи борбената и максимално израмнета игра. Ниту еден од тимовите не успеваше да се одлепи на повисока позитива, а нерешено беше и после 30 минути игра, 16:16.

На почетокот на вториот дел Еурофарм Пелистер 2 стигна до три гола предност, но Тиквеш не дозволи противникот да побегне на недостижно водство. Тиквеш успеа да возврати, со серија од четири гола го презема водството и во поледните десет минути влезе до предност од 26:24.

Еурофарм Пелистер 2 направи уште еден пресврт и во финишот беше многу блиску до победата. Гостите имаа два предност и напад со кој можеа да ја потврдат победата но не реализираа што го искористи Тиквеш. Во последните моменти постигнаа два гола и израмнија, Еурфарм Пелистер 2 имаше уште една шанса од седмерец да стигне до победата, но и него не го реализираа па натпреварот заврши без победник.

Најефикасен во составот на Тиквеш беше Дарко Кондев со 11 погодоци, додека осум постигна Страхиња Симиќ. Во тимот на Еурофарм Пелистер 2 се истакна Емилијан Ѓорговски со девет гола.

31 - 31
Конечен резултат

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20141631Реми
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21631Реми

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
9Орданчо Лазовлево крило00
10Стефан Дрогришкилев бек13
11Евгениј Темелкоскидесно крило13
12Марјан Велковголман00
13Борче Соколовцентрален бек10
16Александар Стојаноскиголман00
17Давид Иванов-00
18Никола Стефановиќпивот00
19Дејан Гошевскидесен бек00
23Стефан Милков-00
24Дарко Кондевлево крило011
26Ристо Окардовпивот00
33Димитар Коцевлево крило00
34Страхиња Симиќцентрален бек18
77Јане Јанчевцентрален бек16
96Стефан Трпчевскидесен бек00
 Вкупно 531

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
7Андре Буторацдесен бек11
8Павле Атанасијевиќцентрален бек12
9Васко Димитровскипивот05
13Павле Петровиќдесен бек00
16Благојче Трајкоскиголман00
22Иван Димитровскилево крило11
23Стефан Талевскицентрален бек04
24Никола Стоилевскидесно крило00
33Петар Атанасијевиќлево крило13
34Емилијан Ѓорговскилев бек09
44Ненад Белистојановски-13
66Милан Ѓукиќдесно крило03
84Мартин Табаковски-00
88Димитриј Блажевскидесен бек00
 Вкупно 531

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ
ПозЕкипаНПРЛБ