Во новата сезона на СЕХА ќе играат само осум екипи! Според неофицијални информации на 24Ракомет, унгарскиот гигант Веспрем и белорускиот шампион Брест Мешков нема да биде дел од регионалното друштво. Тоа е причината зошто се уште не се објавува планот за сезонава и календарот на натпревари.
Првично беше најавено дека само ЦСКА Москва и Пекинг Универзитет нема да играат, и беа објавени групите (две по пет екипи), кои практично беа истите од лани. Но најновите случувања со коронавирусот и сложените патувања во време на пандемија, веројатно се причините што Веспрем и Мешков не сакаат да играат.
Сега словачкиот првак Татран кој има големи проблеми со организација на натпреварите во Словачка поради големите рестрикции, преминува во групата Б и ќе се играат по шест меча во групите.
Дали ќе има четвртфинале, односно дали сите екипи по регуларниот дел ќе играат елиминации, или директно првопласираните две екипи од двете групи ќе играат на завршниот турнир, останува да видиме.
Група А: Вардар, Мотор Запорожје, Нексе Нашице, Војводина
Група Б: Еурофарм Пелистер, Татран Прешов, Загреб, Металопластика