Иако се очекуваше неизвесност Алкалоид го разби Голден Арт во прволигашкото дерби со 35:29. Разбирливо тренерот Љубомир Савевски изрази задоволство по високата победа.
Алкалоид со овој триумф го задржа лидерското место и ќе пренесе повеќе бодови во следната фаза. Савевски смета дека денес клучна била физичката форма.
„Сакав да ги мотивирам да играат борбено до крај, но кога водиш 10-11 разлика не можеш да ги држиш мотивирани до крај. Одигравме добро, пет-шест играчи играа цело време, ротиравме, направивме се што можеме. Покажавме дека сме квалитетен тим. И Голден Арт е квалитетна екипа, но мислам дека ние физички бевме подобри, паднаа во тој физички дел. Одеа на игра еден на еден повеќе, на таков начин играчите повеќе се изморуваат“.
Сепак, истакна дека се уште ништо не е готово и не се сметаат уште сега за суперлигаши.
„Ние одиме чекор по чекор и на победа во секој натпревар ќе видиме на крајот како ќе биде“, изјави Савевски.
Дебитантот ракометно го преслуша и „наполни“ голот на Голден Арт