Еден од ракометарите пред кои е голема иднина и се очекува да имаат голема кариера, 22-годишниот Матијас Гидсел поставува бројки кои се дефинитивно импресивни и тешки за надминување. Тој одигра дури 92 натпревари за време од 377 дена што дефинитивно е неверојатно.
Според бројките ова значи играње на натпревар на секои четири дена што е навистина тешко бидејќи така нема доволно време за одмор и за тренинг бидејќи постојано има натпревар.
Гидсел беше дел од сите акции на репрезентацијата на Данска во последната година, а беше и на Олимписките игри.
„Натпревар на секои четири дена? Немате време за летен одмор, за тренинг, за развивање. Нема време ниту за празници, ниту… Не знам кога ќе може да одмори бидејќи во јануари го очекува Европско првенство. Ова е навистина невројатно. Ќе погледнете во календарот и ќе видите дека немате дупка во него. Последиците од ова не можат да се сокријат. Ова е дефинитивно лошо бидејќи играчите кои играат премногу натпревари ќе се соочат со повреди“, вели експертот Бент Нигард.
До каде ќе оди ова вртоглаво себенадминување на Матијас Гидсел не е познато, но овие бројки кои веќе ги постави се навистина неверојатни.