Ракометната федерација на Франција официјално ја потврди веста за местото на одигрување на ракометните турнири од Олимписките игри.
Во 2024 година летната Олимпијада ќе се одржи во Париз, но ракометните натпревари во машка и женска конкуренција ќе се играат во Лил.
Локацијата е фудбалскиот стадион „Пјер Моруа“, кој ќе има капацитет до 30.000 гледачи кога е ракометот во прашање.
На ова место се играа дуели од Светското првенство во 2017 година. Поради корона кризата буџетот на ОИ за 2024 година е намален за 130 милиони евра, а се очекува уште поголемо намалување.