Прв интернационален предизвик: Ѓорѓиоски се пресели во Германија!

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија и довчерашен член на Прилеп, Пеце Ѓорѓиоски својата кариера ќе ја продолжи во Германија.

Ѓорѓиоски, кој на почетокот на оваа сезона ги засили редовите на Прилеп, е најновото засилување во амбициозниот тим на Цвикау.

Искусниот кружен напаѓач потекнува од школата на Прилеп, а во својата кариера го носеше дресот и на Тутунски Комбинат, Пролет, Пелистер, Охрид, Работнички, Радовиш, Тиквеш и Струга.

Прилепчанецот со екипите на Пролет и Прилеп играше на европска сцена, односно во тогашниот Челинџ Куп, како и во Европскиот Куп.