ППД Загреб замина во изолација, Лино Червар мораше да менува

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Лино Червар во последен момент мораше да направи промена во составот за натпреварите од Еуро купот бидејќи ракометарите од ППД Загреб се во самоизолација.

Новите моменти во кои целиот тим на Загреб е во изолација се причина да не може да смета на Давид Мандиќ, Јосип Божиќ Павлетиќ, Марин Шипиќ, Матех Хрстиќ и Матеј Ашанин. Затоа на нивно место веќе ги повика Ловро Михиќ, Иван Вида, Фран Милета и Морено Цар.

Претходно поради исти причини мораа да откажат и Иван Чупиќ и Јосип Векиќ од Вардар и Иван Пешиќ од Мешков Брест.

Според планот собирот останува на 2 ноември во Загреб, но нема да биде одигран натпревар против Словачка на 4 ноември. Затоа, пак, ќе има натпревар во Осиек против Унгарија на 7 ноември од 18 часот.