Машката ракометна репрезентација на Шведска се соочува со низа повредени репрезентативци пред настапот на Светското ракометно првенство во Египет.
Се уште не е познато дали ракометарот на Рајн Некар Левен, Албин Лагергрен, ќе може да настапи на Мундијалот, но како одминуваат деновите, се помали се шансите да го видиме во Египет.
Десниот бек уште од почетокот на декември поради повреда на стопалото мораше да паузира.
Покрај Лагергрен, за репрезентацијата на Шведска во Египет нема да настапат и Лукас Нилсон, Андреас Нилсон, Никлас Екберг, Микаел Апелгрен, а не е исклучено селекторот Глен Солберг да добие уште некој отказ.
Шведска на мундијалот во Египет е во група заедно со домаќинот, Чешка и Чиле.