Португалија во втор круг на СП, лесно го мина Мароко

По триумфот над Исланд, селекцијата на Португалија ја запиша и втората победа во групната фаза. Избраниците на Пауло Переира иако имаа мали проблеми во првиот дел, потоа со убедлива игра во второто полувреме славеа над Мароко со 20-33.

Африканскиот ривал отвори одлично и поведе со 7-2, потоа беше 9-4, но како одминуваше времето така Португалија се враќаше во мечот и до крајот на полувремето израмни на 12-12.

Мароко во слична ситуација беше и против Алжир, кога водеше со плус седум и на крајот загуби. Во вториот дел Португалците поведоа со 13-14, и оттогаш уште една серија од девет голови за плус десет, 13-23 и беше јасно што ќе биде до крајот.

Лесно беше приведен мечот до крајот за втора победа и пласман во вториот круг. Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Портела со седум, како и Итуриза, Мартинс и Бранкињо со по пет, а кај Мароко, пет гола даде Харшауи.

20 - 33
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МАРОКО1220Пораз
ПОРТУГАЛИЈА1233Победа

МАРОКО

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јасин Идрисиголман00
7Резуки Реидадесно крило04
8Амине Бенталебцентрален бек24
10Мохамед Зароилицентрален бек11
12Алае Ларусиголман00
13Хишам Хакимидесен бек00
15Јунес Озрурпивот00
18Лахен Белиманлев бек00
21Насим Хамед Фуганидесен бек00
24Мохамед Езинелев бек02
46Амин Харчауицентрален бек25
91Ашраф Адлипивот00
92Хасан Ел Кахрадилев бек00
93Ријад Лакбилево крило00
94Мехди Алауипивот10
99Набил Сласипивот14
 Вкупно 720

ПОРТУГАЛИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Алфредо Кинтанаголман00
4Педро Портелалево крило09
5Жилберто Дуартелев бек01
8Виктор Итуризапивот05
10Мигел Мартинсцентрален бек05
11Белоне Мореирадесен бек01
14Руи Силвацентрален бек01
15Дајмаро Салинапивот10
16Умберто Гомесголман00
23Диого Бранкињолево крило05
25Антонио Аријадесно крило01
27Андре Гомеслев бек02
30Леонел Фернандеслево крило11
33Диого Силвадесен бек00
82Луис Фрадепивот01
88Фабио Магаљаешлев бек01
 Вкупно 233

Officials

Судии:
Бојан Лах -Словенија
Давид Сок -Словенија
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ПОРТУГАЛИЈА33006
2ИСЛАНД32014
3АЛЖИР31022
4МАРОКО30030