Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ се одлучи за составот со кој ќе влезе во новата сезона од Лигата на шампионите и во првиот натпревар на кој гостува кај Елверум.
Средбата почнува од 18:45 часот, а се игра во Норвешка. Во тимот ги нема Борко Ристовски, Едуардо Гурбиндо и Анте Кудуз, но ќе бидат браќата Оливие и Кевин Њокас со кои ќе се обиде да се избори за бодови.
Елверум е сериозен ривал и ќе мора да биде сфатен сериозно, па затоа ќе мора да се даде максимум.
Од фотографијата може да се види кои се играчите со кои ќе се нападне во Норвешка, а дефинитивно ова ќе биде возбудлив дуел.
Вардар досега имал добри резултати со екипи од Скандинавија, па и денеска се очекува позитивен ден.