Пепи Манасков го носи Дејан во Вардар: Мислев дека тоа е вистинската средина за него!

Македонската ракометна легенда, Пепи Манасков во разговор за 24ракомет потврди дека тој бил иницијаторот неговиот син Дејан да дојде во Вардар и покрај тоа што тој почна да гради успешна интернационална кариера.

„Да, јас инсистирав Деки да дојде во Вардар. Тој беше желба на Сергеј уште од неговото доаѓање во клубот, а според мене Вардар беше екипа со високи амбиции и одлични предуслови за да стигне и до европска титула како и што се случи. Јас бев иницијатор тој да дојде, но тоа беше негова одлука. Едноставно му посочив дека тоа е добра средина да напредува, да стекне искуство и да учи од еден играч каков што е Дибиров. Во Вардар поминаа врвни имиња и не е се едно дали ќе бидете соиграч со ракометна легенда од која ќе може да научите или пак со некој анонимен ракометар во Германија. Предизвик за секој млад играч е да игра во еден таков клуб и тој дојде. Дејан го раскина договорот со Вардар затоа што така процени тој. Сакаше поголем простор за игра и коректно се раздели, и мислам дека не загуби ниту Вардар, а ниту Деки со неговото заминување“, вели Манасков.

Комплетното интервју со Пепи Манасков може да го прочитате подолу.

ИНТЕРВЈУ ПЕПИ МАНАСКОВ: Ракометарот на векот во Македонија оставен на маргините