Пеколен финиш за прва победа на Струга, Јуниор немаше сили за изненадување

Во второто коло од Супер лигата за мажи од групата А, екипите на Струга и Јуниор Кисела Вода одиграа неизвесен натпревар во кој победата им припадна на домаќините. Струга славеше 22:20, а по првиот дел имаше негатива од 7:10.

За Струга ова беше прв натпревар сезонава откако беа слободни во првото коло. На почетокот се играше израмнето, а првото водство со повеќе голови го имаше Јуниор КВ од 3:5.

Во поголемиот дел од првото полувреме гостинскиот тим успешно ја одржуваше предноста. Првото полувреме не беше многу ефикасно во кое Струга постигна само седум гола, а Јуниор КВ го доби со 10:7.

Уште на стартот на второто полувреме Струга успеа да израмни, во текот на целото полувреме се игрше многу изедначено и ниту една екипа не направи повисока предност од два гола.

При резултат 17:19 за гостинскиот тим, екипата на Јуниор КВ влезе во кризен период во финишот на натпреварот што беше одлучувачко за победникот. Струга направи серија од 5:0 со што стигна до првата победа во првенството.

Најефикасен во составот на Струга беше Рајатовски со шест гола, а Николиќ постигна пет. Во тимот на Јуниор КВ најмногу се истакна Милутиновиќ со седум погодоци. Во следното коло Струга гостува кај Астраион во Струмица, а Јуниор КВ е слободен.

22 - 20
Конечен резултат

Место

Спортска сала „Нико Нестор“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СТРУГА722Победа
ЈУНИОР К.В.1020Пораз

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
18Богдан Николиќцентрален бек05
14Славиша Димитријескицентрален бек02
24Ненад Костоскилево крило03
11Тодор Јанкулоскидесно крило01
7Пеце Рајатоскидесно крило06
44Дарио Симоноскипивот02
2Петар Маркоски-00
13Петар Ферукоскипивот00
4Христијан Крстаноскилев бек03
95Слободан Новаковиќлев бек00
99Кристијан Трајкоскицентрален бек00
12Мартин Јовановскиголман00
1Владо Затаракоскиголман00
 Вкупно 022

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеј Петковскиголман00
2Намик Османлево крило00
3Васил Витановдесен бек00
4Марко Трајковскипивот01
5Мартин Бошковскипивот00
7Бојан Маневцентрален бек02
9Дамјан Трајковскицентрален бек00
10Филип Ролевскидесно крило02
12Александар Стојаноскиголман00
18Мартин Димовскицентрален бек02
23Стефан Стојановскилев бек01
24Немања Милутиновиќлев бек07
30Антонијо Пешевскилево крило01
88Томче Трајчевскипивот01
97Жарко Барјактаревиќдесен бек03
 Вкупно 020

Officials

Судии:Делегат:
БОЖИНОВСКИ ДАНИЕЛО
НАЧЕВСКИ ВИКТОР
ЈАНЕВСКИ ЉУПЧО
ПозЕкипаНПРЛБ
122006
211003
311003
421013
521013
620020
720020