Охрид одработи рутински против Прилеп

Ракометарите на Охрид имаа лесна задача во 10. коло од Супер лигата и на домашен терен остварија лесна и убедлива победа против екипата на Прилеп од 32:21, со што имаат половичен успех од по пет победи и порази во досегашниот дел од сезоната.

Прилеп имаше добар почеток на дуелот и почетно водство од 0:2, Охрид првиот гол го постигна во 8. минута и брзо ја презема контролата на играта и резултатот. Во продолжение Прилеп тешко постигнуваше голови и во 20. минута беше 9:5 за домаќинот.

До крајот на првото полувреме Охрид одржуваше позитива од два до три гола, во завршницата Шилегов и Николов погодија за добра предност на тимот на Раде Стојановиќ на полувремето. После 30 минути игра беше 14:10.

Во второто полувреме Охрид потполно доминираше, после само десетина минути игра домашниот тим веќе имаше 19:12. Веќе беше јасно кој ќе ги освои бодовите, Прилеп немаше одговор на играта на противникот, кој со лесни голови постојано ја зголемуваше предноста.

Во 45. минута Охрид стигна до двоцифрена разлика кога водеше 25:15, а до крај на мечот рутински ги освоија бодовите. Во составот на Охрид, Стефан Додиќ и Филип Кривокапиќ со по шест гола беа најефикасни, додека во екипата на Прилеп, Александар Тренчевски и Христијан Милошески  постигнаа по пет гола.

33 - 21
Конечен резултат

Место

СРЦ „Билјанини извори“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ОХРИД1433Победа
ПРИЛЕП1021Пораз

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило00
6Филип Кривокапиќцентрален бек06
8Наум Костовдесно крило02
10Филип Николовдесен бек25
11Мице Шилеговдесно крило04
12Христијан Коваческиголман00
13Славчо Шулески-01
14Михајло Младеновиќлев бек03
19Иван Тасескипивот00
21Филип Грубор-02
24Мартин Манасковлев бек01
35Николче Ристескилево крило02
44Стефан Додиќцентрален бек16
55Христијан Димитриескипивот01
77Алекса Милошевиќ-00
 Вкупно 333

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот07
5Лео Дамчевски-11
7Хазеин Рустамовлево крило01
9Христијан Бикоскилево крило00
11Владимир Трајкоскилев бек01
12Иван Ангелескиголман00
17Хари Павловдесен бек23
18Давор Шокоскилев бек00
19Антонио Бурчевскипивот00
21Стефан Лозаноски-00
23Реваз Чантуријадесно крило13
27Христијан Милошевскилев бек05
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек00
77Зураб Цинцадзеголман00
90Даниел Андоновскилев бек00
 Вкупно 421

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
КАЛАНОСКИ СЛАВЧО
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196123211164
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22201161
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 222142644
4БУТЕЛ22141743
5ТИКВЕШ 201424141943
6ОХРИД231211037
7ПРОЛЕТ221021032
8СТРУГА22611519
9ПРИЛЕП22601618
10МЕТАЛУРГ22701515
11СКОПЈЕ 20202230199
12РАДОВИШ2220206