Не беше остварена целта, ама Парондо добива нов договор

Иако домаќинот на Светското првенство, Египет, имаше амбиции да стигне до завршниот викенд, сепак по долга драма беше елиминиран од Данска.

Тоа не ги поколеба челниците на египетската федерација, кои се задоволни од неговата работа, да му понудат нов договор на шпанскиот стратег Роберто Гарсија Парондо.

Екс стратегот на Вардар дојде на клупата на Египет во 2019 година по освојувањето на европската титула со „црвено-црните“ и лани го освои Купот на Африка.

Парондо со египетската селекција оствари убедлив триумф во групната фаза против Македонија со 38-19, а до крајот на настапите „фараоните“ загубија само од Шведска и Данска.