Нема навивање во сала, ама може пред ТВ: Македонија – Финска со пренос на МТВ!

Машката репрезентација на Македонија в среда ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското првенство во Словачка и Унгарија во 2022 година.

Прв ривал на Македонија ќе биде Финска, а натпреварот ќе се одигра пред празни трибини во СЦ „Борис Трајковски“ на 4 ноември со почеток во 20:00 часот.

Ракометните вљубеници ќе можат да го следат овој двобој на програмите на Македонската телевизија.

Ист ќе биде случајот и со вториот натпревар, кој Македонија го игра на гости кај Швајцарија во Шафхаузен, на 7 ноември со почеток во 18:30 часот.