На Македонија и се случи Египет, и се случи катастрофа

Репрезентацијата на Македонија не покажа ништо ново на теренот против Египет во однос на дуелот против Шведска и на оние 12 гола разлика на првиот дуел денеска додаде уште негатива од 19 гола после конечните 19:38.

Македонија одново бледа на теренот, далеку од она што е потребно за успех на големо натпреварување и дефинитивно катастрофален пристап и однос на поголемиот дел од ракометарите кои во иднина треба да бидат главните актери на теренот во националниот тим.

Средбата беше загубена само што почна бидејќи после 5:3 за Египет во 6. минута на средина од полувремето резултатот беше 10:3. Тука за три минути Македонија постигна три гола и за момент се доби впечаток дека конечно е пронајден ритамот и ќе биде далеку подобро. Место тоа од 10:6 во 18. минута до крајот на првиот дел комплетен потоп. Губење топки, промашување, недоволна концентрација, невраќање назад кога ќе се загубеше топката, па Египет го наполни голот на Македонија и на одмор имаше 20:6.

Во вториот дел Брестовац им даде шанса на помладите. Ги остави Лазаров, Стоилов и Митревски на клупата, но немаше ништо ново. Египет продолжи лесно да ги завршува своите акции и да го користи големиот простор и некоординираноста во одбраната. Тоа им донесе високи плус 20 гола уште на средина од второто полувреме, па остана само прашањето колку ќе биде конечниот резултат.

Од оваа средба единствен позитивен момент веројатно беше голманот Томовски, кој одработено на ниво, но остана во сенка на премногу лошото издание. Уште после 40. минута се чекаше само на крајот, а кога истекоа предвидените 60 минути на семафорот стоеше 19:38. Пораз каков досега Македонија нема претрпено на големите натпреварувања.

38 - 19
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕГИПЕТ2038Победа
МАКЕДОНИЈА619Пораз

ЕГИПЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Јахија Омардесен бек13
11Ахмед Моаменлево крило12
15Ахмед Хешамцентрален бек04
24Ибрахим Елмасрипивот00
25Висам Наварпивот01
31Омар Елвакиллево крило03
39Јехија Елдералев бек02
42Хасан Кадахлев бек06
45Сеиф Елдералев бек01
53Акрам Јусридесно крило00
66Ахмед Елахмардесен бек02
88Карим Хендавиголман00
89Мохамед Мамдупивот08
90Али Зеинлев бек01
91Мохамед Санаддесно крило05
96Мохамед Елтајарголман00
 Вкупно 238

МАКЕДОНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никола Митревскиголман00
4Мартин Велковскидесен бек12
5Стојанче Стоиловпивот00
6Димитар Димитриоскилево крило00
7Кирил Лазаровдесен бек03
8Цветан Кузманоскилево крило00
11Филип Талескилев бек10
12Мартин Томовскиголман00
17Никола Маркоскипивот03
18Филип Кузмановскилев бек12
19Ненад Костескидесно крило02
21Марио Танкоскицентрален бек02
28Мартин Поповскидесно крило01
29Дарко Георгиевскилев бек11
33Жарко Пешевскипивот03
97Марко Мишевскилев бек20
 Вкупно 619

Officials

Судии:
Џули Бонавентура -Франција
Шарлот Бонавентура -Франција
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ШВЕДСКА33006
2ЕГИПЕТ32014
3МАКЕДОНИЈА31022
4ЧИЛЕ30030