Екипата на Нант каде што настапува Кирил Лазаров немаше проблеми во 7. коло од првeнството на Франција и забележа лесна и убедлива победа на домашен терен против Нанси со 37:28.
Лазаров уште еднаш беше дел од тимот и даде придонес во победата на својот тим. Тој немаше голема минутажа, но успеа да постигне три погодоци на кои додаде и две асистенции. Најефикасни со по пет гола беа Калваканти и Монар.
Нант уште по првото полувреме беше многу близу до победата, а во последните пет минути од првиот дел стигна до највисоката предност од седум гола и на паузата замина со предност од 20:13.
Второто полувреме беше формалност и Нант рутински одигра и сигурно стигна до нови бодови. Ова беше четврта победа на Нант со која во овој момент се наоѓа на четвртата позиција на табелата со девет бода.