Нант и без Лазаров пресилен за Целје

Ракометарите на Целје доживеаја пораз на домашен терен од составот на Нант во 8. коло од Лигата на шампионите со 25:31.

Францускиот претставник иако настапи без Кирил Лазаров немаше многу проблеми да слави во „Златорог Арената“. Дуелот беше израмнет само во почетните минути, а потоа Нант го контролираше резултатот до крајот на средбата.

Најчесто Нант имаше водство од два до три гола, а во неколку наврати Целје успеа да дојде до минус еден, но никако не можеше да изедначи. После првото полувреме домашниот тим имаше негатива од два гола, 11:13.

Почетокот на второто полувреме беше клучен и тука веќе Нант го реши победникот на натпреварот. Со серија од 7:1 во првите шест минути гостите направија недостижна предност која до крајот без проблеми ја задржаа за втора победа.

Хорзен и Кодрин беа најефикасни кај Целје со по шест погодоци, а Филип Ивиќ имаше добро издание на голот со 15 интервенции но ниту тоа не помогна да избегнат пораз. Нант до победата го водеа Милан Милиќ со шест гола и Ривера и Овничек со по пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14140028
2ВЕСПРЕМ1492320
3КИЛ1472516
4МОТОР1470714
5НАНТ1452712
6ЦЕЛЈЕ1440108
7АЛБОРГ1470714
8ППД ЗАГРЕБ1400140