Ракометарите на Вардар веќе неколку дена ги одработуваат тренинзите од подготовките за новата сезона, а повратникот на претседателската позиција во клубот, Михајло Михајловски денеска ги собра ракометарите на заедничко дружење.
За време на овој неформален собир кој е повеќе за дружење, Михајловски во краток говор им ги образложил амбициите за новата сезона. Веќе е јасно дека целта е да се обезбеди место меѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите, да се игра на Ф4 турнирот во СЕХА лигата и да се освои двојната круна во домашното првенство.
Јасно е дека и со новиот состав Вардар ќе се обиде да извлече максимум односно да продолжи со одличните игри на сите полиња.