Еден од фаворитите за место на подиумот на претстојното Европско првенство, селекцијата на Норвешка непланирано доби засилување.
40-годишната голманка Катрине Лунде не беше планирана за настап поради нејзината бременост, но во меѓувреме за жал го загуби бебето, па ќе и се приклучи на репрезентацијата.
Селекторот Торир Хергеирсон има проблеми со голманките со оглед на тоа што Силје Солберг два пати имаше позитивен тест на коронавирус и многу веројатно нема да игра на ЕП, па искусната Лунде ќе биде од голема помош за Емили Сандо.
Лунде е во брак со српскиот фудбалер Никола Трајковиќ, со кого имаат еден син.