Легенда на ракометот во Шпанија, Рубен Гарабаја откако се повлече од играњето веднаш почна со тренерска работа, а новата задача ќе ја има во стручниот штаб на поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.
Гарабаја ќе работи во стручниот штаб на Египет и ќе му биде асистент на Парондо во работата со репрезентацијата од Африка.
Двајцата се познаваат одлично бидејќи имаат заеднички настапи на клупско ниво, но и во репрезентацијата на Шпанија. Со тоа сигурно ќе можат брзо да се адаптираат.
Гарабаја првата тренерска задача ја имаше во Кина каде што работеше со 16-годишни девојчиња и беше вклучен во процесот на создавање на тимот за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
Тој го напушти овој проект бидејќи имаше несогласување со локалната федерација.