Кушан за 24 Ракомет: Секој натпревар за титула е важен и мора да се победи

Победата од 31:22 против Вардар му ја донесе титулата од Супер купот на тимот на Еурофарм Пелистер, а тоа е прв трофеј за тимот од Битола после долга пауза.

Ракометарот од Хрватска, пивотот Томислав Кушан беше задоволен од победата после средбата и коментираше за она што беше направено за 24 Ракомет.

„Мислам дека лошо влеговме во натпреварот. На почетокот на првото полувреме не одигравме како што се очекуваше, но на почетокот на вториот дел уфрливме во повисока брзина и веднаш се забележа на резултатот“, рече Кушан.

Според него не е важно кој со каков состав бил на теренот туку целта за која се играло и дека ваквите средби за титулата се без тактизирање и се играат секогаш на победа.

„Можеби на Вардар им недостигаа неколку ракометари, но секој натпревар за титула е важен и мора да се победи“.

Сега следува турнирот во Струга кој почнува денеска така што нема можност за многу одмор за ракометарите.

„Одиме во Струга да победиме на сeкој натпревар и да го освоиме турнирот. Одиме како минатогодишни шампиони и тука нема што друго да се зборува“, изјави Кушан за 24Ракомет.

Екипата на Еурофарм Пелистер денеска е слободна на турнирот во Струга, а веќе утре ќе ги одмери силите со тимот на Металург, додека в сабота противник е Тиквеш.