Костески го доби македонскиот двобој во Чешка

Тимот на Талент Плзен победнички го стартуваше четвртфиналето на плеј-офот во чешкиот шампионат.

Плзен, каде што игра Никола Костески ја доби првата средба од серијата против Брно, каде што игра Дејан Кукуловски со 33-25.

Костески на оваа средба постигна еден погодок, додека Кукуловски даде два гола и заработи две исклучувања.

Вториот натпревар меѓу Плзен и Брно, во серијата до три победи, се игра веќе во текот на утрешниот ден.