Кајба за Циндриќ: Ќе играл со една нога? Па и со две не му одеше баш…

Светсткото првенство во Египет и неуспехот на хрватската репрезентација се минато и почека Хрватите се насочуваат кон претстојните олимписки квалификации, но не престануваат препукувањата на поранешниот физиотерапевт Дамир Кајба и Лука Циндриќ.

Откако Циндриќ после натпреварот со својата Барселона во Загреб не сакаше да ги коментира тврдењта на Кајба дека не сакал да игра за Хрватска, физиотерапевтот уште еднаш преку социјалните медиуми се обрати кон ракометарот.

„Бидејќи во изјавата за медиумите пред цела Хрватска од дотичниот ракометар на Барселона бев апострофиран како лажго, морам да кажам дека моето интервју е авторизирано и подложно на кривична одговорност како што е и неговата изјава. Единствено што сфатив од неговата изјава е дека и да остане без нога сигурно ќе игра за Хрватска, а и кога играше со две не му одеше баш најдобро. Ги повикувам стручните лица да го анализираат однесувањето и гестикулацијата на играчот и да проценат кој кого лаже“, напиша Кајба на друштвените мрежи.

Препукувањата помеѓу играчот и поранешниот член на медицинскиот тим на Хрватска продолжуваат, а дали Лука Циндриќ уште еднаш ќе му одговори на Кајба останува да видиме во претстојните денови.

Циндриќ: Ќе играм без една нога ако треба, а лагите не сакам да ги коментирам