Историска победа за Јуниор, во Кисела Вода убедливо совладан Астраион

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода ја остварија првата победа во клупската историја во Суперлигата. По двата порази од Пролет дома и на гости кај Струга, избраниците на Благојче Весиќ го победија Астраион со убедливи 30-23. Струмичани беа ослабени со неиграњето на тројца позитивни ракометари на Ковид-19.

Во првиот дел струмичани одржуваа резултатска рамнотежа дваесетина минути, додека играше Мите Караиванов. Тој се повреди и не можеше да го продолжи мечот.

Астраион израмни на 9-9 и оттогаш до крајот на полувремето не постигнаа гол. Нивните грешки беа казнети од домашниот тим кој преку Бајрактаревиќ и Манев, кои погодија по два пати на пауза заминаа со плус четири, 13-9.

Јуниор КВ поведе и со 16-9 на стартот на вториот дел, а струмичани погодија по првпат во вториот дел дури во 38. минута, 16-10. Тренерот на доамшните, Весиќ, им даде шанса на ракометарите од клупата, но тоа не се почувствува во резултатот и мечот заврши со убедлива победа за Јуниор КВ, 30-23.

Најдобри стрелци кај победникот беа Бајрактаревиќ со осум и Ролевски со четири погодоци, додека кај струмичани се истакна Наков со 11 голови, а по четири постигнаа Караиванов и Јанковски.

30 - 23
Конечен резултат

Место

УС „Круме Кепески“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЈУНИОР К.В.1330Победа
АСТРАИОН923Пораз

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
Адриан Костадиноскиголман00
1Матеј Петковскиголман00
2Намик Османлево крило03
4Марко Трајковскипивот10
5Мартин Бошковскипивот11
6Стефан Крстескидесно крило12
7Бојан Маневцентрален бек13
9Дамјан Трајковскицентрален бек02
10Филип Ролевскидесно крило04
12Александар Стојаноскиголман00
18Мартин Димовскицентрален бек13
24Немања Милутиновиќлев бек01
30Антонијо Пешевскилево крило00
88Томче Трајчевскипивот03
97Жарко Барјактаревиќдесен бек28
3Андреј Крстевски-00
 Вкупно 730

АСТРАИОН

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Мите Караивановлев бек04
5Васко Наковдесен бек211
6Миливој Котевски-00
7Александар Тренчевскипивот11
9Филип Кавазовцентрален бек01
12Мартин Перовановиќголман00
16Александар Гоџировголман00
17Ѓорѓи Касаповдесно крило02
18Славе Јанковскилево крило14
69Христијан Ефтимовцентрален бек00
77Иванче Ончевцентрален бек00
 Вкупно 423

Officials

Судии:Делегат:
БОЖИНОВСКИ ДАНИЕЛО
НАЧЕВСКИ ВИКТОР
НИКОЛОВСКИ АЦО
ПозЕкипаНПРЛБ
1ОХРИД990027
2ПРОЛЕТ960318
3СТРУГА851216
4Г.А.-КЛ71041513
5РАДОВИШ93069
6ЈУНИОР К.В.71154
7АСТРАИОН101184