Илиев даде 14 гола, Радовиш славеше убедливо над КЛ7

Ракометарите на Радовиш ја забележаа втората победа во серија во суперлигашкиот плеј-аут. По триумфот над Јуниор КВ, радовишани на домашен терен убедливо го победија составот на КЛ7 со 37-31.

Гостите водеа само на стартот со 0-1, а по 6-5 на средината на првиот дел, домашните ја преземаа контролата на теренот. Најпрво поведоа со 9-5, а потоа полека ја градеа предноста.

До крајот на полувремето избраниците на Андон Бошковски, кој претходно го водеше КЛ7, обезбедија високи плус осум, 20-12, и им дадоа до знаење на гостите дека нема што да бараат на овој меч.

Вториот дел беше само формалност и рутинско одработување на задачата, па шанса за настап добија и ракометарите со помала минутажа. Имаше мало опуштање во домашниот состав, па КЛ7 успеа да го направи поразот поднослив.

37 - 31
Конечен резултат

Место

Спортска сала „25 МАЈ“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РАДОВИШ2037Победа
Г.А.-КЛ71231Пораз

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман00
3Зоран Стојановскилево крило14
6Ристе Чаповцентрален бек00
9Спасе Ѓоргиевдесно крило00
10Здравко Постоловцентрален бек06
12Али Кобеисипивот11
14Александар Долдуровлево крило01
15Аце Спасовлев бек00
18Ангелче Органџиевлев бек05
19Александар Марковлев бек00
23Кристијан Ристовлево крило01
24Мартин Трајковскиголман00
66Ивица Илиевцентрален бек014
71Филип Трајановдесно крило00
77Милош Лојаничиќдесен бек15
88Петар Ачимовиќлев бек00
 Вкупно 337

Г.А.-КЛ7

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Александар Стојковдесно крило08
6Филип Крстескипивот13
10Симон Гуческилево крило05
11Игор Ѓоргиевцентрален бек15
13Бобан Каковскицентрален бек00
14Кристијан Симоноскипивот11
15Бојан Љубевскилев бек00
17Божидар Илиескицентрален бек01
18Михајло Костовски-00
19Мартин Димовскидесен бек04
20Иван Галевски-00
22Евгениј Темелкоскидесно крило00
23Емилијан Ѓорговскилев бек01
24Олег Јордановлев бек03
33Виктор Василевскиголман00
99Андреј Петковскиголман00
 Вкупно 331

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
ОГНЕНОВ ИГОР
ПозЕкипаНПРЛБ
1ТИКВЕШ 2014970221
2ПРИЛЕП960318
3РАДОВИШ950415
4Г.А.-КЛ7950415
5ЈУНИОР К.В.941413
6МЛАДОСТ 1977941413
7РАБОТНИЧКИ940512
8АСТРАИОН90090