Изненадување во Кавадарци: Јуниор го надигра ГРК Тиквеш и внесе возбудувања во плеј-аутот

Составот на Јуниор Кисела вода дојде до победа на гостувањето во Кавадарци кај ГРК Тиквеш и приреди изненадување совладувајќи го лидерот во плеј-аутот од Супер машката лига со 31:29. На тој начин внесе голема неизвесност бидејќи во следните шест кола никој нема да биде сигурен на позициите кои носат опстанок.

Од почетокот на средбата тимот на Јуниор Кисела вода влезе подобро во натпреварот и редовно беше во гол до два позитива. Домашните успеваа да се вратат, но освен што израмнуваа друго не можеа на оваа средба.

Гостите делуваа помотивирано и порасположено така што тоа влијаеше и на резултатот. Откако ГРК Тиквеш израмни на 6:6 беше навистина тешко да се следи и да се продолжи во подобар ритам односно да се направи чекор повеќе и да се сврти резултатот.

Ракометарите на Јуниор КВ успеваа да останат до предност и на одмор да заминат со 16:15.

Во второто полувреме играта продолжи во ист стил. Домашните делуваа недоволно мотивирано за да направат пресврт и тоа влијаеше и понатаму на резултатот. Одеше тешко и не можеше да се неутрализира водството на противникот. Иако одново имаше израмнување, сепак, не беше доволно добро за да може и да се дојде до предност.

Откако во 40. минута на семафорот стоеше 21:22 брзо се изменија работите и дојде до 21:24 така што екипата од Скопје дојде до солидни плус три. Сепак, кога требаше истото да се зачува дојде засилување на играта кај домашните и во 50. минута беше 25:25 така што последните десет минути донесоа максимални возбудувања.

Во завршниот дел од средбата голема работа за Јуниор одработи и голманот Петковски, кој успеа да запре неколку удари така што овозможи да се врати највисокото водство. Кога гостите обезбедија 30:27 полека стана јасно дека ќе има изненадување во Кавадарци и дека ГРК Тиквеш ќе го забележи вториот пораз во плеј-аутот. На крајот гостите си заминаа со големи три бода од Кавадарци и победа од 31:29.

29 - 31
Конечен резултат

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20141529Пораз
ЈУНИОР К.В.1631Победа

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Александар Стојаноскиголман00
3Пеце Ѓорѓиоскипивот12
6Стефан Колоскилев бек00
9Орданчо Лазовлево крило03
12Марјан Велковголман00
14Душан Медиќцентрален бек03
16Васо Димитровголман00
18Вања Смиљаниќдесен бек00
19Дејан Гошевскидесен бек13
23Костадин Петровпивот04
24Дарко Кондевлево крило11
26Ристо Окардовпивот00
33Димитар Коцевлево крило01
34Страхиња Симиќцентрален бек06
77Јане Јанчевцентрален бек06
92Стефан Милков-00
 Вкупно 329

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеј Петковскиголман00
2Марио Гичевцентрален бек10
3Андреј Крстевски-07
4Марко Трајковскипивот04
5Мартин Бошковскипивот00
6Стефан Крстескидесно крило02
7Бојан Маневцентрален бек11
8Кирил Пешкирскилево крило00
16Адриан Костадиноскиголман00
18Игор МршуљаСреден бек210
23Стефан Стојановскилев бек00
24Кристијан Николовски-00
30Стефан Јордановски-00
88Томче Трајчевскипивот00
97Жарко Барјактаревиќдесен бек07
 Вкупно 431

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
КИМОВСКИ ЗОРАН

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ