Во 2. коло од Супер машката лига имаше три интересни натшревари каде што решаваат гол или два за победникот. Имаше возбудувања во Струга, во Бутел и во Автокоманда, а на два од овие терени гостите славеа победа.
Бутел Скопје беше тимот кој славеше во тесен меч на свој терен против Радовиш. Пелистер успеа да ја добие Струга која пред овој дуел остана без дел од ракометарите и тренерот. Интерено беше и меѓу Металург 2 и Пролет, а тука гостите иако имаа голема предност во финишот за малку ќе останеа без триумф. Затоа Охрид и Металург немаа никакви проблеми и очекувано дојдоа до високи победи.
Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.
Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: ЈАГОШ БРАУНОВИЌ (ОХРИД)
Голманите на Охрид имаа добра претстава на дуелот против Работнички и успеаја да одбранат солиден број на топки. И двајцата добија минутажа, но изборот, сепак, падна на Јагош Брауновиќ.
ЛЕВО КРИЛО: СТЕФАН ТАЛЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Еден од подобрите во играта на Пелистер на гостувањето во Струга беше Стефан Талевски. Одигра одлична средба и покажа дека е во добра форма на почетокот на сезоната. Со шест гола беше меѓу најефикасните на средбата.
ЛЕВ БЕК: ИВАН ЏОНОВ (ПРОЛЕТ)
На тешката средба кај Металург 2 во „Автокоманда“ составот на Пролет забележа победа, но во натпревар кој беше максимално тежок. Тој одлично го предводеше нападот на Пролет, a покрај тоа што постигна десет гола имаше и други добри моменти во кои беше пред колегите.
СРЕДЕН БЕК: ДАРИО ПЕТРОВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Втора средба по ред Дарио Петровски е одличен предводени на нападот на Пелистер и се промовира во лидер на овој тим кој покрај на домашната сцена ќе има настап и во Купот на ЕХФ. Против Струга погоди четирипати.
ДЕСЕН БЕК: МАРТИН СЕРАФИМОВ (МЕТАЛУРГ)
Еипата на Металург забележа убедлив триумф и тоа беше очекувано против Вардар јуниор. Мартин Серафимов учествуваше со два гола и добра игра во новата победа.
ДЕСНО КРИЛО: ЗЛАТКО МОЈСОСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)
Еден од поискусните ракометари во редовите на Бутел Скопје, Златко Мојсоски покажа добра форма во 2. коло против Радовиш. Тој беше далеку пред своите колеги и беше убедливо најефикасен со осум гола.
ПИВОТ: ИВАН ТАСЕСКИ (ОХРИД)
Ракометарот наОхрид одработи добар натпревар против Работнички. Беше еден од оние кои имаа добар придонес и во играта во напад и во одбрана, а средбата ја заврши со пет гола.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ И ИЗВЕШТАИ ОД 2. КОЛО
МЕТАЛУРГ 2 – ПРОЛЕТ 32:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Мелоски 6, Кофилоски 6, Стојановиќ 6 – Џонов 10, Поповски 6, Мајнов 5
МЕТАЛУРГ – ВАРДАР ЈУНИОР 41:17 (ИЗВЕШТАЈ)
Кондев 5, Шилегов 5, Арсеновски 5 – Крстевски 3, Атанасовски 3, Дука 3
БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАДОВИШ 29:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Мојсоски 8, Мајиќ 6, Василевски 4 – Илиев 9, Николов 6, Ристов 5
ОХРИД – РАБОТНИЧКИ 34:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Блажески 6, Кривокапиќ 5, Тасески 5 – Палевски 10, Полијак 5, Сулима 3
СТРУГА – ПЕЛИСТЕР 24:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Кузманоски 6, Новаковиќ 6, Крстаноски 4 – Талевски 6, Буторац 6, Петровски 4
ДВОЈКИ ЗА СЛЕДНО, 3. КОЛО (21/22.09.2019)
ВАРДАР ЈУНИОР – БУТЕЛ СКОПЈЕ
ПЕЛИСТЕР – ОХРИД
РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ 2
ПРОЛЕТ 62 – МЕТАЛУРГ
РАДОВИШ – СТРУГА
ТАБЕЛА: 1. Металург 6 бода (78:47); 2. Бутел Скопје 6 (55:52); 3. Пролет 6 (54:51), 4. Охрид 3 (53:43); 5. Радовиш 3 (60:57), 6. Пелистер 3 (50:50); 7. Струга 1 (49:51); 8. Работнички 1 (57:59); 9. Металург II 0 (62:70); 10. Вардар јуниор 0 (45:73).
24 – Ивица Илиев (Радовиш)
19 – Давор Палевски (Работнички)
16 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)
16 – Дарио Кофилоски (Металург 2)
15 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје).