Загреб изгоре во желбата за сензација – бодовите, сепак, останаа за Лазаров и Нант

Ракометарите на Загреб дадоа силен отпор против Нант, но на крајот францускиот тим триумфираше со резултат 30:28 во натпревар од Лигата на шaмпионитe.

Во почетните минути Загреб преку Матановиќ го презеде водството за 2:1, а потоа уште еден крилен играч, Давид Мандиќ, го одржа водството на својот тим за 4:3. Французите со серија од неколку голови успеаја да израмнат и да имаат контрола на резултатот. Нападот на Загреб функционираше од сите позиции, а до крајот на првиот дел продолжи менувањето на водството и на двете екипи.

И на двете страни по истекот на првото полувреме девет ракометари се запишаа во листата на стрелци. На полувреме резултатот беше 14:13 за гостинската екипа од Загреб.

Во вториот дел ракометарите на Загреб со добрата одбрана и головите на Буриќ и Мандиќ зголемија на три разлика, 16:13. Нант преку искусниот Ривера се одржуваше во живот и успеа да се врати во игра. Неизвесноста продолжи до крајот на натпреварот со головите на Немања Обрадовиќ и Давид Мандиќ за 25:25 во текот на 47. минута. Во игра гол за гол, ракометарите на Загреб со неколку технички грешки во последните три минути испуштија сензација.

Најефикасен ракометар во победничкиот тим беше Валеро Ривера со десет погодоци, додека Кире Лазаров даде три гола. Во составот на Загреб се истакнаа Давид Мандиќ и Матеј Хрстиќ со по пет погодоци.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14140028
2ВЕСПРЕМ1492320
3КИЛ1472516
4МОТОР1470714
5НАНТ1452712
6ЦЕЛЈЕ1440108
7АЛБОРГ1470714
8ППД ЗАГРЕБ1400140