ЕХФ со брза одлука: Корона во Пик Сегед, бодовите за Флензбург

Екипата на Флензбург доби службени бодови за двобојот со Пик Сегед откако дуелот кој требаше да се игра денеска од 18 часот беше одложен поради нов позитивен случај на Ковид 19 во составот од Унгарија.

Од ЕХФ донесоа брза одлука, па јасно е дека Флензбург добива бодови за овој дуел, а натпреварот е решен со 10:0 за гостите.

Ова е само уште еден натпревар од Групата А во Лигата на шампионите кој добива одлука на зелената маса бидејќи немаше друг начин да биде одигран со оглед на тоа што до четврток треба да бидат одиграни сите средби од европските купови во машка конкуренција.

Ситуацијата во Групата А од Лигата на шампионите во моментов можете да ја видите на табелата во продолжение.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФЛЕНСБУРГ14101321
2ПСЖ ХЕНДБОЛ1491419
3КЕЛЦЕ1491419
4ПИК СЕГЕД1460812
5ПОРТО1452712
6ВАРДАР 1961143389
7ЕЛВЕРУМ1421115
8МЕШКОВ1471615