Поминаа шест кола од групната фаза во Лигата на шампионите, а двата македонски претставници имаат различни биланси.
Вардар има четири победи во шест меча, додека Еурофарм Работник забележа само една победа против финскиот Кокс.
Сепак најдобриот стрелец во елитното натпреварување доаѓа од редовите на „фармацевтите“, левиот бек Владислав Остроушко.
Украинецот има постигнато 40 погодоци, а во ТОП 10 се вардарците Тимур Дибиров со 35 и Даинис Кристопанс со 33 голови.