Еве со колкави буџети располагаат ПСЖ, Барса, Веспрем, Вардар, Еурофарм Пелистер…

Со одигрувањето на завршниот турнир во Келн, односно Ф4 во Лигата на шампионите заврши сезоната 2021/22. Барселона го одбрани трофејот што е првпат на еден клуб да му успее тоа откако се игра системот со Ф4. Секако Барселона е еден од најбогатите клубови, но постојат и клубови кои имаат значително поголем буџет. Во оваа споредба клубовите од балканот во последно време се повеќе заостнуваат зад најбогатите, а со тоа и резултатите се сè послаби.

Според анализата на „Моцарт Спорт“, шампионот на Европа има буџет од 6.052.000 евра, додека најбогат клуб е ПСЖ со 17.800.000 евра, но според законите во Франција голем дел одо овој износ оди во даноци. За споредба вториот клуб во Франција по буџет е Монпелје со 7.800.000 евра. Единствен ракометар кој ја надмина бројката од 1.000.000 евра годишна заработка е Микел Хансен во ПСЖ, но и покрај големите вложувања францускиот тим се уште не може да стигне до тронот на Европа. Заради повеќе најавени заминувања следната сезона буџетот на ПСЖ ќе се намали на 12.000.000 евра.

Германските клубови најголемиот дел од средствата го собираат од влезници, Кил имаше најголем буџет пред короната со 9.500.000 евра. Но забраната за навивачи значеше голем удар за бунделигашот чија арена собира 10.000 гледачи и скоро на сите натпевари беше исполнета до последно место. Тоа доведе и до намалување на плати на играчите и заминувања од клубот. Алборг кој играше во финалето од Лигата на шампионите во 2021 година сезонава имаше буџет од 3.500.000 евра но се најавуваат големи засилувања за следните сезони и дополнителни вложувања.

Дека не се потребни огромни суми на пари за успех потврди Вардар кој во 2019 година кога по вторпат стана европски шампион имаше буџет од 3.600.000 евра. Тогаш Кил, Веспрем, Барселона и Келце имаа далеку поголеми износи. Додека во 2017 година кога Вардар ја освои Лигата на шампионите имаше нешто поголем буџет од 7.500.000 евра. После промените во Вардар и враќањето на Михајло Михајловски сумите се намалија драстично па Вардар сезоанва имаше околу 1.500.000 евра буџет што е нешто повеќе од најголемиот ривал во Македонија сезонава Еурфорафм Пелистер. Според „Балкан Хендбол“, битолскиот тим за оваа година имаше обезбедено 250.000 евра од градот, а останатите 750.000 евра од спонзорите кои сепак ја надминале потребанта сума и вкупниот буџет на Еурофарм Пелистер за сезоната 2021/22 беше 1.200.000 евра.

Клубовите од регионот немаат доволно средства да се псортивстават на најбогатите клубови, но и покрај тоа успеваат да постигнат солидни резултат. Сезонава хит во Европа беше Нексе, кој со буџет од 1.700.000 евра успеа да стигне до завршниот турнир во Лигата на Европа. Претходно словенечките клубови беа на врвот по вложувањето, но тоа сега е променет и буџетите се зналително помали. Исто така и клубовите од Србија располагаат со значително помалку финансиски средства.