Драма во Богданци: Ончев не може сам против сите, Младост со важен триумф над Работнички

Ракометарите на Младост во Богданци забележа важна победа во трката за суперлигашки опстанок против екипата на Работнички со 24-23.

По почетните 3-3, домашните се одлепија на 6-3, а водеа и со 9-6. Работнички возврати со серија од три погодоци и се врати во игра, 9-9. На паузата Младост има имаше минимална предност, 13-12.

На стартот на вториот дел, домаќините поведоа со 14-12, но Ончев погоди два пати по ред за 14-14. До 19-19 се играше гол за гол, а по одличните интервенции на голманот Мицев, Младост на десетина минути до крајот ги врати највисоките плус три, 22-19.

Работнички намали на 22-21, но Димитров зголеми на 23-21. Во финишот се влезе со 24-22 за Младост, гостите погрешија, но и домаќинот се реваншираше на спротивната страна.

Уште по еден промашен напад на двете страни и Работнички се врати во игра барем за бод по голот на Вујовиќ за 24-23. На дваестина секунди до крајот, Вурмо викна тајм-аут за домашните, тие го истрошија времето до крајот и трите бода останаа во Богданци.

24 - 23
Конечен резултат

Место

Спортска сала „Млаз“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЛАДОСТ 19771324Победа
РАБОТНИЧКИ1223Пораз

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ристе Пешковголман00
3Димитар Пеевлево крило00
4Руслан Хончаровпивот20
5Мите Караивановлев бек111
7Никита Лошчаковлев бек10
12Горан Паунковголман01
16Александар Мицевголман00
17Иван Стојчевскидесно крило00
22Никола Димитровдесно крило03
25Саша Михајловиќцентрален бек00
25Илија Чрчев-00
30Александар Лупашколев бек05
31Илија Диновлево крило03
33Никола Роглевдесен бек00
35Митко Стоиловлев бек01
55Дејан Томиќлев бек00
 Вкупно 424

РАБОТНИЧКИ

# Играч Позиција Исклучување Голови
6Кристијан Ташевскипивот00
8Давид Гашовскипивот03
9Дамјан Јакимовскидесно крило01
10Давид Димескилев бек00
12Јоаким Ангеловскиголман00
19Кристијан Анѓелковскипивот00
21Давид Савревскидесно крило01
22Лука Вујовиќпивот13
23Тoше Ончевцентрален бек010
25Стефан Добревскилево крило00
28Петар Виларовголман00
31Виктор Крстевскилево крило11
33Стефан Крстевскицентрален бек02
66Вадим Виричлев бек12
77Ѓорѓи Дукадесен бек00
99Васил Гоговголман00
 Вкупно 323

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
ОГНЕНОВ ИГОР
ПозЕкипаНПРЛБ
1ТИКВЕШ 2014970221
2ПРИЛЕП960318
3РАДОВИШ950415
4Г.А.-КЛ7950415
5ЈУНИОР К.В.941413
6МЛАДОСТ 1977941413
7РАБОТНИЧКИ940512
8АСТРАИОН90090