Драгица Митрова ги водеше гевгеличанки до три бода во Свети Николе

Ракометарките на Гевгелија се изборија за три бода на гостувањето во Свети Николе откако против составот на Овче Поле СУ имаа подобро второ полувреме во кои обезбедија доволно висока предност за да дојдат до триумф од 24:19.

Средбата имаше две различни полувремиња во кои и едниот и другиот тим имаа свои моменти. Гевгелија беше нешто подобра во поголем дел од првото полувреме кога имаше создадено предност од три гола. Имаше 10:7, но во последните минути од првото полувреме остана без погодоци, па домашните израмнија на 10:10.

Вториот дел од средбата, сепак, мина во знакот на гостинките кои во своите редови ја имаа искусната Драгица Митрова. Таа ги предводеше одлично своите колешки и беше незадржлива. Учествуваше во повеќето погодоци за тимот на Гевгелија така што одработи одлична средба.

Со ова Гевгелија скокна едно место на табелата и сега е на 6. позиција со десет поени, додека Овче Поле остана на шест бода и на 9. место.

 

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ГЕВГЕЛИЈА       19:24 (10:10)

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Сања Божиновска и Адриана Здравковска од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска Кузмановска, Јовановска 2, Стоилова, Вучевска 6, Манева 2, Конева 3, Ефремова, Велковска 1, Костова 4, Стојанова, Гигова 1, Мицевска, Ташкова, Маркова.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 8 мин.

ГЕВГЕЛИЈА: Горковска, Басова, Шутева 2, Ибрахимовиќ 1, Јовеска 5, Живковска 2, Динева, Митрова, Петковска 5, Танева, Митрова 9

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 6 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1КУМАНОВО12111034
2МЕТАЛУРГ12100230
3ЧАИР12100230
4ВАРДАР1291228
5ДЕСПИНА1170421
6СТРУЖАНКА1161419
7ГЕВГЕЛИЈА1151516
8СПАРТАК1140712
9ШАМПИОН113089
10ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.123099
11ЃОРЧЕ ПЕТРОВ1211104
12КУЗМАН1110103
13ПЕЛИСТЕР 201280171