Во својата долга кариера една полусезона Александар Зарков мина и во редовите на Металург, но не се сеќава по многу убави работи на тоа време.
После еден натпревар со Вардар на кој Металург претрпел пораз се случил е работи кои не ги посакува никој. Дел од играчите добиле слободно.
Откако е помината повеќе од една деценија Зарков се сеќава на случувањата и вели дека можно е тогаш да имало и некаква игра за да го загуби своето место во националниот тим.
После овие случки тој шест месеци не играл никаде, а во меѓувреме останал и без место во репрезентацијата која успеа потоа да се врати на големите натпреварувања и во 2009 година да учествува на Мундијалот во Хрватска.
„Јас, Марковски, Маљцев, Ангеловски… после натпреварот против Вардар бевме отстранети дека наводно сме го продале. Тоа беше политика. Тогаш престанав да играм и за репрезентација. Не знам дали беше политика на клубот или на некој друг за да ме отстранат од клубот, а со тоа и од репрезентацијата. Шест месеци не играв никаде и го загубив местото во репрезентацијата во период кога почнуваше да се создава тимот за Светското првенство во Хрватска за да влезе некој друг на мое место“, коментираше Зарков во интервјуто за 24 Ракомет.
Комплетното интервју со Зарков можете да го прочитате во продолжение.
ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ЗАРКОВ: Дојде тивко, ја засака Битола и стана легенда