После победата на стартот против еден од фаворитите за висок пласман во 2. лига на Франција, тимот на Олној Ејмери за кој настапува Леонида Гичевска дојде до уште една победа така што врза две победи на стартот славејќи на гостувањето кај Хавен со 28:21.
Ова беше уште една одлична средба на која главното се случи во второто полувреме кога тимот на Олној направи пресврт.
После првите 30 минути Хавен водеше со 13:11, но потоа следуваше голем пресврт. Олној се избори за дури 17 погодоци, а прими само осум а 30 минути и обезбеди нови бодови со кои е во групата од пет екипи кои имаат по шест поени.
На оваа средба репреентативката на Македонија, Леонида Гичевска заврши со еден погодок.