Гигов го однесе ПАОК во осминафинале на Европскиот Куп

Тимот на ПАОК од Солун обезбеди место во осминафиналето на Европскиот Куп со две победи во третото коло.

Клубот каде што настапува македонскиот голман Виктор Гигов играше два пати на домашен терен против летонскиот Добеле.

По триумфот на првиот меч со 28-25, ПАОК беше подобар од Добеле и на вториот меч со пет голови разлика, 29-24.

Гигов бранеше во еден дел од натпреварот и успеа да запре седум удари на противничкиот тим. Ривалот во осминафиналето, ПАОК ќе го добие во вторник.