Младиот српски репрезентативец Тодор Јандриќ, кој минатата сезона беше во некои комбинации за преселба во Вардар, во новата сезона ќе има нов клуб.
Чуварот на мрежата на Металопластика се договори со хрватскиот шампион Загреб и ќе ги брани боите на некогашниот европски шампион.
Јандриќ претходно беше дел од Војводина и од Спартак Војпут, па ова ќе биде прв интернационален предизвик за младиот Србин.
Тој би требало да биде замена за искусниот Радивоје Ристановиќ и да формира одлично дуо со Матеј Ашанин.