Втор пораз на пионерите од Романија

Репрезентациајта на Македонија за ракоmетари родени 2004 година и помали беше поразена и во вториот контролен натрепвар од Романија. Денеска во многу сличен натпревар како вчерашниот Македонија загуби со 22:29.

Како и на првиот натпревар само почетоткот на дуелот беше рамноправен, потоа домаќинот иамше контрола да мечот. По 15. минути игра беше 9:5, а за разлика од вчера кога на полувреме имавме три негатива, денеска Романија по 30. минути имаше предност од 17:11.

Во вториот дел избраниците на Стојановиќ и Атанасовски го подобрија впечатоткот, успеаја да намалат на минус три но немаа сили за целосен пресврт. Во финишот повторно Романците стигнаа до убедлив триумф.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Шулевски со пет гола, по три постигнаа Белистојановски, Петрушевски, Спасовски и Стојановски. По два гола запишаа Петковски и Наумовски, додека Стојменов успеа да постигне еден гол. Уште настапија Брестовац, Тотиќ, Петковски, Ристевски и Стојановски.