Поради коронавирусот, регионалната СЕХА лига како и многу конкуренции се во прекин, односно одложени на неодредено време.
Останаа да се одиграатуште два четвртфиналните натпревари, како и завршниот турнир, но и покрај тоа фановите го избраа идеалниот тим.
Во него се најдоа тројца претставици на македонските тимови Еурофарм Пелистер и Вардар. Тоа се голманот Никола Митревски и средниот бек Ловро Јотиќ, како и капитенот на шампионот, Стојанче Стоилов.
Идеален тим во избор на фановите:
Голман – Никола Митревски (Еурофарм Пелистер)
Лево крило – Давид Мандиќ (Загреб)
Лев бек – Расмус Лауге Шмит (Веспрем)
Среден бек – Ловро Јотиќ (Еурофарм Пелистер)
Десен бек – Микита Ваилупов (Мешков Брест)
Десно крило – Златко Хорват (Загреб)
Пивот – Столе Стоилов (Вардар)
Од македонските тимови во игра за Ф4 е екипата на Вардар која има еден гол предност од првиот натпревар со Нексе и чека на датата за реваншот.